-
0 projects
-
0 Service hours
-
1 update
-
0 news
-
0 comments
About
Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО) е најстариот извиднички одред во Република Македонија. Формиран е есента 1952 година, за подоцна во 1953 година да се регистрира во Сојуз на Извидници на Македонија (СИМ).
Низ времето ПСИО го има променето своето име во чест на некогашниот претседател на тогашна Југославија Маршал Јосип Броз Тито. По осамостојувањето на Република Македонија одредот го враќа примарното име во Прв Скопски Извиднички Одред.
ПСИО е невладина извидничка организација членка на СИМ и на Светската скаутска организација (World organization of the scout movement - http://www.scout.org/ ).
Во нашето извидничко друштво, членуваат преку 60 активни извидници кои се категоризирани во повеќе возрасни групи.
Извидниците од 8 до 10 години се во група на јато и се нарекуваат
Развигорци, од 11 до 14 години тие влегуваат во патрола и се нарекуваат помлади извидници,
од 15 до 21 година формираат младински клуб и се нарекуваат извидници - ровери.
Над 21 година извидниците се нарекуваат постари извидници.